Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Настава по македонски јазик во Хрватска

Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска потпиша Решение за изучување македонски јазик и култура по модел Ц во најголемото подрачното основно училиште „Стрмец“, во градот Св. Недела.  

-Ова го соопшти Желка Ненадиќ, претставничка од Управата за национални малцинства при Министерството за наука, образование и млади на манифестацијата „Македонскиот јазикот е нашиот идентитет“, проект поддржан и одобрен од страна на истото министерство.  Барањето е иницијатива на родители, предводени од професорката по македонски јазик Ивана Брезовец. Наставата по македонски јазик во Хрватска досега се изведува во седум основни училишта и три гимназии. Првиот час во ОУ. „Никола Тесла“ во Загреб е одржан пред дваесет години. Наставата во Првата гимназија во Загреб се изведува единаесет години. Освен Македонци и Македонки, наставата може да ја следат и сите други заинтересирани ученици, соопшти проф. Иван Антоновски кој учествуваше на манифестацијата за македонскиот јазик во Загреб.

Тој посочува дека  исклучителен пример во Хрватска е наставничката Наталија Лековска – Македонка која работи во ОУ „Владимир Назор“ во општина Потпиќан.

Реклама

-Таа ги подучува своите ученици од прво, второ и трето одделение македонски фолклор и македонски јазик за време на целодневната настава. Учениците и наставничката беа поканети на манифестацијата „Македонскиот јазик е нашиот идентитет“ од страна на координаторката Ивана Брезовец, каде ученичките предводени од својата учителка го играа  Пајдушкото оро, а се претставија и со традиционално истарско оро кое се вика „Истарски балон“ или во оригинал „Истарски балун“. На хармоника свиреше и малата Анамарија Цариќ. За оваа пригода носеа истарски народни носии кои им ги отстапи културниот музички ансамбал „Иван Фоновиќ Златела“ од Кршана и МКД „Охридски бисер“ од Загреб. Во целата оваа реализација имаа неизмерна поддршка од директорката на самото училиште. Нада Перишиќ и родителите на учениците, што само зборува за еден прекрасен пример на поддршка која Македонците ја добиваат во Република Хрватска, соопшти Иван Антоновски.