Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Се интензивира откупот на тутунот

Откупот на тутунот од годинашнава рeколта се интензивира. Пет од десетте лиценцирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откупот на тутунот од годинашнава рeколта се интензивира. Пет од десетте лиценцирани компании ги отворија пунктовите за откуп на годинашнава реколта. Деновиве уште три ќе излезат на теренот со што е зголемен интензитетот на преземањето на родот.

-Со самото отворање на пунктовите на компаниите кои, до четврток, ќе отворат осум од 10-те компании се докажува дека интензитетот и барањето за отворање  на пунктовите е зголемен. Така, со тоасе докажува дека и тутунарите се задовони со проценката во прва класа и цената од 420 денари за килограм, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија на Македонија.

Досега се откупени 500 тони по 420 денари. Сојузот инсистира да не се купува по класи, зашто просекот би паднал под ланскиот. Иако трае откупот не се откажуваат од барањето за зголемување на цената на тутунот.

Реклама

– Ако дозволевме да се купува тутунот по класи со овие цени, просекот на откупот на тутунот ќе паднеше под минатогодишниот. Вака, ќего задржиме просекот на овие цени што се сега, 420 денари за килограм. Инаку сите ги нивелираа цените на 420 денари за прва, 360 денари за втора и 300 денари за трета класа тутун. Мора да напоменам дека прво се купува летниот тутун, а имавреме да се досуши есенскиот кој не треба сега да се носи за откуп. А, иако трае откупот, ние не се откажуваме за повисоки цени на тутунот. Секој ден сме во контакт со компаниите дали ќе има анекс на договорите, објаснува Ристески.

Краен рок сите 10 компаии да ја купуваат  реколтата од околу 22 000 тони е 15 декември. Сојузот во законските измени ќе бара, прецизно, откупот да почнува на 1 декември и да трае до 28 февруари. Сега почетњн рок за откуп е 15 ноември, а краен рок е 15 декември.