Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

НБ: Потврден квалитетот и безбедноста на македонското злато во Трезорот на Банката на Англија

Гувернерот на Народната банка (НБ) Трајко Славески и неговиот тим во рамките…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гувернерот на Народната банка (НБ) Трајко Славески и неговиот тим во рамките на официјалната посета на Банката на Англија имаа исклучителна можност за работна посета на Трезорот на Банката на Англија, каде што се чуваат златните резерви на Македонија. Притоа, беше извршен увид во златото и условите во кои се чува во Трезорот на Банката Англија.

Проверките, како што посочуваат од НБ, се дел од вообичаените активности на централните банки поврзани со нивната грижа за обезбедување највисоки стандарди на сигурност и безбедност во чувањето на монетарното злато.

-Народната банка на Македонија, во состав на девизните резерви, располага со околу 6,9 тони монетарно злато, со тековна пазарна вредност од околу 800 милиони евра. Златото се чува во Трезорот на Банката на Англија во алоцирана (асигнирана) форма и го сочинуваат маркирани златни прачки коишто во целост ги исполнуваат стандардите на пазарот на злато во Лондон (London Good Delivery Standard − прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% или тежина од околу 400 фини унци, односно околу 12 кг). Одлуката тоа да се чува во Банката на Англија беше донесена во 2010 година имајќи ги предвид сигурноста и флексибилноста коишто ги нуди инфраструктурната поставеност на централната банка, како и пристапноста до пазарот на Лондон како најголем пазар со злато во светот, посочуваат од НБ.

Реклама

По претходно доставено барање до Банката на Англија, како што нагласуваат, беше издвоен и презентиран примерок од соодветен број златни прачки во сопственост на Македонија. Гувернерот, заедно со својот тим експерти, изврши визуелна проверка на примероците, при што беше утврдено дека тие одговараат на сериските броеви и дека се со правилна форма којашто соодветствува на утврдените стандардни спецификации.

-Имајќи ги предвид исполнувањето на високите стандарди и пристапноста до учесниците на пазарот на злато во Лондон, ова злато, при поволни пазарни услови, покрај неговата значителна ценовна апрецијација, може да се искористи и за остварување дополнителни монетарни приходи преку пласмани на краткорочни депозити и склучување трансакции со злато со централни и првокласни странски деловни банки, истакнуваат од НБ.

Во Трезорот на Банката на Англија се наоѓа една од најголемите резерви на злато во светот. Банката на Англија се грижи за повеќе од 400.000 златни прачки вредни милијарди фунти. Златото се чува многу внимателно според највисоки безбедносни стандарди. Владата на Обединетото Кралство, банките и други влади низ светот имаат право да чуваат злато кај Банката на Англија.

-Народната банка и во иднина ќе биде посветена на транспарентно, ефикасно и одговорно управување со девизните и златните резерви, во интерес на стабилноста и економскиот развој на државата, порачуваат од НБ.