Македонија не отспаува од европската агенда и реформите. Предизвиците ќе се надминуваат чекор по чекор – ова е главната порака пренесена во Брисел од страна на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и министерот за европски прашања Охран Муртезани. Двајцата министри оставарија средба со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Каја Калас. На состанокот се потврдила континуираната посветеност на државата кон европскиот интегративен процес и заедничките напори за продлабочување на партнерството со Унијата во областа на безбедноста и одбраната.
Во Брисел, се разговарало и за реафирмација на целосната усогласеност на македонската Владата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Дополнително, биле отворени и прашањата за регионалната поврзаност, со акцент на стратешките инфраструктурни проекти. Меѓу нив, Муцунски го посочи и Коридор 8 како еден од најзначајните за забрзување на економската и транспортната интеграција во регионот.
Муцунски утре на покана на генералниот секретар на НАТО Марк Руте ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на алсијансата каде главна тема ќе биде војната во Украина и обидите на американскиот претседател Доналд Трам да стави крај на воениот конфликт.
