Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Министерството за енергетика започна процес за усогласување на Законот за возила со европските правила

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини стартува процес за усогласување на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини стартува процес за усогласување на Законот за возила со европската регулатива ЕУ 2018/858 и современите стандарди во постапките за одобрување, увоз и надзор на возилата.

Со цел добивање јасни насоки за усогласување на Законот за возила, работниот состанок со претставници од Бирото за метрологија, Царинската управа, Метролошкиот совет и повеќе релевантни институции кои се дел од постапките за одобрување, увоз и контрола на возилата, го водеше д-р Роберт Јерончиќ, реномиран експерт од Република Словенија со долгодишно искуство во развој и имплементација на европското законодавство за возила.

На состанокот, како што информираат од Министерството за енергетика, присуствуваше и министерката Сања Божиновска, која ја нагласи потребата од системски и доследен пристап во примената на законодавството во оваа област.

Реклама

-Македонскиот закон за возила мора конечно да почне да се применува доследно и усогласено со европските правила. Време е сериозно да ги забрзаме процесите и да воспоставиме јасни, прецизни и предвидливи процедури, истакна министерката Божиновска.

Таа додаде дека институциите веќе добиле „јасни насоки за забрзана и суштинска хармонизација со регулативата на Европската Унија“.

Целта на состанокот беше да се дефинираат конкретни чекори за конечно воспоставување усогласен, јасен и предвидлив систем, кој ќе обезбеди целосно прилагодување на националното законодавство кон европската регулатива, современи процедури за одобрување и увоз на возила, построг и ефикасен надзор – засилен институционален ред во сите фази на процесот – од документирање, до контрола, соопштија од Министерството за енергетика.

На средбата, се додава во соопштението, преку размена на практики и експертиза, беше потврдена заедничката определба за воспоставување ред, поголема транспарентност и целосно усогласување со европските стандарди. Како продолжение на денешната работа, утре ќе се одржи и специјализирана работилница на иста тема, на која ќе присуствуваат сите релевантни институции и стручни служби. Работилницата е насочена кон финализирање на техничките насоки и подготовка на конкретни измени за модернизирање на Законот за возила.

Министерството, се наведува, продолжува активно и системски да работи на усогласувањето со европското законодавство и зајакнувањето на институционалните механизми за контрола и надзор, со цел градење модерен, безбеден и транспарентен пазар на возила.