Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Кина троши 500 милиони литри флаширано вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка, амбасадорката на средба со градоначалникот на Кавадарци 

Кина троши 500 милиони литри флаширана вино годишно, ние произведуваме 50, има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кина троши 500 милиони литри флаширана вино годишно, ние произведуваме 50, има можности за соработка, кинеската амбасадорка Џианг Сиаојан попладнево се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

Во изјава за медиумите, градоначалникот рече дека разговарале на повеќе теми, во делот на економијата и туризмот. 

-Тие можат многу да придонесат во делот на нашата економија, а пред се во делот на продажбата на македонско, тиквешко, кавадаречко вино во Кина, како голем консумент на вино. Некаде околу петстотини милиони литри флаширано вино троши Кина, а ние имаме вкупно производство на вино од педесет милиони литри. А имаме врвни вина. Заеднички ќе се заложиме да се доближиме до кинескиот народ, до кинескиот пазар. Да можеме да го пласираме нашето вино, со цел да помогнеме и на винарите и на лозарите. Водејќи сметка и за туризмот, истакна Јанчев.

Реклама

Амбасадорката на Народна Република Кина, рече дека биле споделени идеи за соработка во областа на економијата, трговијата, туризмот, културата. 

– Ние веруваме дека добриот почеток, е, половина успех, подвлече таа. 

Aмбасадорката истакна дека веќе имала пробано од белите и црвените македонски вина. Притоа нагласи дека не може да се одлучи  кое е најдобро, дека секое едно е многу добро, за неа.  

– Со градоначалникот разговаравме и околу користењето на платформа за е – трговија, да се презентира што е можно повеќе од висококвалитетните македонски производи кон кинеските консуматори. Вина, мед и друго, одговори таа.