Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Петрова: Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси годинава до крајот на октомври достигна 3, 6 милијарди евра, околу 260 милиони евра повеќе отколку лани

Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси, од почетокот на годината до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси, од почетокот на годината до крајот на октомври достигна 3 милијарди и 600 милиони евра, тоа е за околу 260 милиони евра повеќе отколку лани, изјави денеска директорката на УЈП, Елена Петрова, на одбележувањето на Денот на даночните работници, што се одржа во Клубот на пратеници. 

-Во првите десет месеци, имаме раст на даночната нето наплата од над 6%, а кај социјалните придонеси – речиси 10%. Што ни кажуваат овие бројки? Тие ни го кажуваат најважното: економијата расте, активноста се зголемува, а со тоа растат и приходите. Тоа е резултат не само на поефикасната работа на УЈП, туку и на поголемата дисциплина и одговорност кај обврзниците, рече таа пред присутните.

Системот е стабилен, нагласи, мерките даваат резултат.

Реклама

-И заедно ги движиме приходите кон раст и стабилност, децидна беше таа.

Според Петрова, добрата вест е дека трендовите во даночната дисциплина, годинава се позитивни. 

-Се зголемува навременото поднесување на даночните пријави – првиот предуслов за данокот воопшто да стане наплатлив. Се зголемува и навременото плаќање на обврските, што е основата на стабилниот систем, потенцираше Петрова.

Таа рече дека даночната свест кај обврзниците расте.

-Во фискалната едукација на млади воведовме нови содржини, дигитален квиз и за првпат, едукација во основните училишта. Затоа што даноците не се само бројки. Даночната свест се гради уште од најрана возраст – преку разбирање, знаење и вредности, додаде Петрова.

Таа информираше дека до септември, преку контроли утврдиле 64 милиони евра дополнителен данок – пораст од над 70 отсто во однос на истиот период, минатата година. 

Петрова нагласи и дека УЈП ќе продолжи доследно да го применува законот, затоа што, истакна, почитувањето на правилата е основата на правичниот даночен систем.

-Кога дојдов на директорската позиција, пред една година и четири месеци, наследивме проекти и иницијативи кои со години стоеја „во фиока“, без реален напредок. Денес ситуацијата е поинаква. Конечно има трајни решенија на повидок, подвлече Петрова.

Притоа соопшти дека во тек е финалната фаза на подготовка на техничките спецификации за „е-УЈП“ – нов интегриран даночен систем со редизајнирани процеси.

-За даночните обврзници тоа ќе значи подобрена стабилност, подобро корисничко искуство и побрзи услуги, а за УЈП – поефикасни процеси, подобра интеграција на податоците, посилен аналитички капацитет и понапредно управување со ризици, појасни Петрова.

И системот за е-фактура е во напредна фаза – софтверското решение е скоро готово, информираше директорката на УЈП, а како што најави, за неполни два месеца започнува фазата на тестирање.

За надминување на критичните точки и за јакнење на безбедноста на податоците и инфраструктурата, како што рече таа, оваа година биле реализирани или се во тек на реализација на склучен договор капитални инвестиции во износ од 2 милиони и 600 илјади евра. 

-Деновиве заврши постапката за јавна набавка на современа опрема, најголемата поединечна инвестиција во историјата на УЈП во вредност од 1 милион и 800 илјади евра. За првпат се набавува опрема за секундарна локација и за највисоко ниво на безбедност на целокупната ИТ инфраструктура на УЈП, додаде Петрова.