Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, тврди Мицкоски

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата.

Одговарајќи на прашање на новинарите, Мицкоски истакна дека регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. Дали струјата ќе поскапи или ќе поевтини, одредува регулаторот откако ќе ја добие цената што ја утврдува снабдувачот, на неа додадени трошоците на дистрбутерот, на пренос-операторот и конечно трошоците за оганизирање на пазарот на електрична енергија, појасни премиерот.

– Иако претходно како Влада бевме критикувани, и во Извештајот на ЕУ, но и од дел од јавноста дека не спроведуваме еден од чекорите кои се дел од планот за раст, а тоа е либерализација на пазарот на електрична енергија за домаќинствста, јасно кажавме дека тој чекор нема да го применеме, бидејќи ако го примениме цената на електричната енергија нема да биде 63,65 евра туку сто евра за мегават-час. Тогаш вкупната цена на електричната енергија за домаќинствата ќе поскапи за фантастични 50 проценти, рече Мицкоски. 

Реклама

Тој нагласи дека Владата со сиот политички ризик ќе продолжи да ја сувенционира цената на електричната енергија за да се заштити стандардот на граѓаните.

– „ЕВН хоум“ е снабдувачот за 2026 година, а „ЕСМ“ согласно политиките на Владата ги достави вкупните количини што се бараат, согласно јавната набавка. Која ќе биде крајната цена одредува регулаторот. „АД ЕСМ“ поднесе целна цена од 65 евра за мегават-час, што е три евра или околу четири проценти повеќе, но никако над сто евра колку што е пазарната цена, појасни Мицкоски.