Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Мицкоски за неговиот син: Антониј примаше инфузии по труењето, но не е точно дека бил хоспитализиран во тешка состојба

Антониј беше дел од таа група на дечиња на кои им се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антониј беше дел од таа група на дечиња на кои им се случи тоа што се случи, тоа труење. Имаше некои медиуми кои пренесоа дека е во тешка состојба, дека бил хоспитализиран. Сакам да демантирам. Беше во состојба во која што беа сите други дечиња. Имаше некои кои, за жал, правеа таква драма, морам да признаам дека тоа не е вистина. Инаку да, беше и тој жртва на тоа труење, три дена примаше инфузија, не одеше во училиште. Тој е храбро момче, пргаво, динамично, сака да се дружи. Претпоставувам во жарот на тоа дружење, биле на ручек, тој е целодневна настава. Конзумирале иста храна, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека остава институциите да испитаат и да кажат дали труењето е од храна или од нешто друго.

-Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје ги прават тие неопходни испитувања. Да почекаме, да не даваме суд, рече Мицкоски.

Реклама

Неговиот син денес веќе се чувствувал подобро.

-Се надевам дека од понеделник, заедно со неговите другарчиња ќе се врати на нормално функционирање во училиште, рече Мицкоски.