Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Македонија

Градоначалникот на Тетово назначи негов заменик од редовите на советниците 

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денес му ја предаде одлуката за назначување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами денес му ја предаде одлуката за назначување на функцијата заменик градоначалник на Алби Ќамили, кој беше носител на листата со кандидати за советници. Ќамили е 27 годишен – дипломиран политиколог и моментално магистрира уставно право.

-Алби Ќамили е еден од  важните активисти на младината во Тетово, кој во минатото придонесуваше за промените кои се случија во Тетово, исто така имајќи предвид дека јас сум ангажиран и надвор од функцијата градоначалник, во политичкиот дел, тоа ќе придонесе да активностите во рамките на општина Тетово да немат застој и службата која ја правиме на нашите граѓани да биде беспрекорна. Во тој поглед, сигурен сум Алби Ќамили ќе биде еден важна поддршка и силна поддршка за реализацијата на сите проекти за доброто на граѓаните, истакна Касами.

Тој рече и дека со оваа одлука, сака да испрати порака дека како градоначалник ги цени младите и ги охрабрува да преземат одговорност и да придонесат за подобро и поразвиено Тетово.

Реклама

-Вистинско задоволство е да бидам втор таму каде што Билал Касами е прв. Ве уверувам дека ќе ја извршувам оваа задача одговорно, имајќи ја превид вашата доверба, вашите очекувања и приоритети и нашата победничка платформа за второ поглавје за развој на Тетово. Чест ми е што ја имам можност да придонесам за уште подобро, уште поразвиено, почисто и пофункционално Тетово и како советник, но сега и како заменик градоначалник. Трансформацијата на Тетово која започна пред четири години со Биљал Касами на чело мора да продолжи уште посилно во втор мандат на најуспешниот и највреден градоначалникот што Тетово некогаш го имало, рече Алби Ќамили.

Касами појасни дека ако има потреба Ќамили да го заменува, тој како градоначалник го известува Советот дека одреден советник го заменува на функцијата на градоначалник. Во тој временски период, во исто време не може да биде и советник и таа функција ќе биде во мирување.