Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

ДЗР: 93 проценти прифатеност на извештаите во 2024, девет нови ревизии започнати во 2025

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2024 година постигна висок степен на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во 2024 година постигна висок степен на прифатеност на своите ревизорски извештаи кај надлежните институции. Од 40 доставени конечни извештаи, 37 се прифатени и по нив се постапува, што претставува 93 проценти, информира главниот државен ревизор Максим Ацевски. Во рамки на програмата за 2025 година, досега се доставени девет конечни извештаи за шест правни субјекти, а дел од нив веќе се предмет на постапување од надлежните органи.

Во континуитет на активностите за транспарентност, денеска се одржа работилница на тема „Инклузија на граѓанските организации и медиумите во подготовка на годишната програма за работа на ДЗР за 2026 година“. Како што појасни Ацевски, целта е да се обезбеди учество на засегнатите страни во креирањето на ревизорските приоритети.

-Нашата стратегија е усогласена со меѓународните стандарди на INTOSAI и предвидува отворен пристап при подготовка на програмата. Засегнатите страни невладини организации, медиуми, граѓани и правни субјекти имаат можност да даваат предлози за субјекти и области кои треба да бидат предмет на ревизија, нагласи Ацевски.

Реклама

Според него, процентот на прифатени предлози од граѓаните и организациите изнесува меѓу 29 и 39 проценти, што укажува на висок степен на отвореност на институцијата.

-Високата партиципативност придонесува за транспарентност и отчетност на ДЗР, додаде Ацевски.

Предлозите од невладиниот сектор опфаќаат широк спектар области од јавни набавки, концесии за минерални суровини, јавно-приватни партнерства, до квалитетот на услугите на локално и централно ниво.

-Изразувам огромна благодарност за активната улога на граѓанските организации во креирањето на програмата за работа за 2026 година, заклучи главниот државен ревизор.

Раководителот на ревизија Елена Догазанска преку презентација ги запозна медиумите и граѓанските организации за начинот на подготвување на Годишната програма на ДЗР согласно интерните упатства, додека пак претставниците од граѓанските организации и медиумите кои земаа активно учество на денешната работилница, ја поздравија иницијативата на Државниот завод за ревизија за проактивниот пристап и отвореноста во соработката и комуникацијата.