Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Економија

Славески во Виена: Финтек-иновациите ја обликуваат иднината на македонскиот финансиски сектор

Финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финтек-иновациите значително го олеснуваат пристапот до финансии за граѓаните и за малите и средните претпријатија, ја намалуваат цената на трансакциите и поттикнуваат развој на нови дигитални услуги, истакна гувернерот на Народната банка (НБ), Трајко Славески, на Конференцијата за европска економска интеграција (CEEI 2025) – Финансиската иднина на ЈИЕ: финансирање на растот и иновациите, во организација на Народната банка на Австрија, којашто се одржува во Виена.

Народната банка, додаде, веќе создаде платформа за поддршка на финтек-инвестициите, Портата за иновации и Работна група за финтек, како и Стратегија за периодот 2023 – 2027 година, со цел да овозможи поддршка за иновативните компании и компаниите во зародиш (стартап). Законот за платежни услуги и платни системи е усогласен со рамката на ЕУ, овозможувајќи поефикасни и поевтини плаќања и лиценцирање на пет платежни институции и три даватели на електронски пари досега.

Славески, информираат од НБ, посочи дека македонските банки активно инвестираат во дигитализацијата, вклучувајќи биометриска идентификација, технологии во облак и вештачка интелигенција, а соработката со финтек-компаниите расте. Народната банка работи и на регулативни мерки за заштита од онлајн измами и од злоупотреба на личните податоци, како и на подигање на финансиската и дигиталната писменост.

Реклама

Гувернерот истакна дека довербата во домашната валута е клучот за развојот на локалните пазари на капитал, додека регионалната интеграција и приближувањето кон ЕУ и еврозоната може да донесат пониски трошоци за финансирање, поголема доверба и зголемени инвестиции.

Народната банка, како што велат, и во иднина ќе ги поддржува иновациите во финансискиот сектор, обезбедувајќи стабилност и услови за одржлив економски раст.