Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Одбележување на Денот на Азбуката во Битола: Почит кон јазикот и албанскиот идентитет

Вицепремиерот Фетаи нагласи дека Битола е една од најважните потпори во албанската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот Фетаи нагласи дека Битола е една од најважните потпори во албанската историја, каде што во 1908 година беше донесена одлуката за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик – акт што ѝ даде на јазикот модерна структура и го означи цивилизацискиот правец на албанското општество, стои во соопштението од Кабинетот на заменик на претседателот на Владата на Македонија задолжен за политики на добро владеење.

По повод одбележувањето на 22 Ноември – Денот на Азбуката на албанскиот јазик, под организација на Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, во Битола се одржа централната државна манифестација во Музејот на Азбуката.

Манифестацијата беше удостоена со присуство на Премиерот на Република Косово, Албин Курти, како посебен гостин на овој ден на сеќавање.

Реклама

Во своето обраќање, Вицепремиерот Фетаи нагласи дека Битола е една од најважните потпори во албанската историја, каде што во 1908 година беше донесена одлуката за унифицирање на азбуката на албанскиот јазик – акт што ѝ даде на јазикот модерна структура и го означи цивилизацискиот правец на албанското општество. Тој подвлече дека тоа не беше само техничка одлука, туку фундаментален идентитетски и културен акт што ги обедини Албанците околу заедничката визија за образование, знаење и слобода на мислата.

Вицепремиерот Фетаи истакна дека албанскиот јазик бил и останува компас за ориентација на Албанците во секоја историска епоха и дека должност на институциите е да го чуваат, развиваат и пренесуваат ова богатство на идните генерации.

Уметничката програма вклучи изведби од традиционалниот албански музички и танцов репертоар, со што се донесе и културната димензија на овој важен ден.

Вицепремиерот Фетаи повторно го потврди посветеноста за унапредување на политиките што обезбедуваат промоција, стандардизација и функционалност на албанскиот јазик во сите сфери на јавниот живот, во духот на вредностите на Конгресот во Битола

Кабинет на заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење