Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 22 ноември – Денот на албанската азбука

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 ноември – Денот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 ноември – Денот на албанската азбука, во која ја истакна важноста на албанскиот јазик и неговата улога во зајакнување на социјалната кохезија и колективниот идентитет.

Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола како најважен комуникациски код на еден народ. Денес се потсетуваме дека јазикот и писмото се темелни вредности кои го обликуваат колективниот идентитет и ја зајакнуваат духовната поврзаност меѓу генерациите.

На овој празник се изразува признание за континуираниот придонес во развојот на образованието и културата во општествениот живот, со кој се збогатува нашата заедница.

Реклама

Честит нека ни е Денот на албанската азбука! Продолжуваме заеднички да ја градиме државата во духот на почит, еднаквост и единство, порача претседателката на државата.