Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Македонија

Во Општина Карпош одбележан Светскиот ден на детето

По повод Светскиот ден на детето 20 Ноември, денеска во градинката „Орце…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на детето 20 Ноември, денеска во градинката „Орце Николов” во Карпош 3, градоначалникот Сотир Лукровски ги посети најмалите жители на локалната самоуправа. При обиколка на објектот, првиот човек на Општината се запозна со условите во градинката, а дечињата го поздравија со искрени пораки. Нивните светнати очиња и насмеани лица ја разубавија оваа средба, а најмалите карпошани со стихотворби и песнички умешно се претставија пред таткото на Општината.

Овој датум, како што информира Општина Карпош, се одбележува на глобално ниво и претставува ден за акција од децата за децата, а се празнува откако беше усвоена Конвенцијата за правата на детето.

Градоначалникот Лукровски и претседателот на Советот, Христо Саракинов денеска ги примија и основците од „Петар Поп Арсов” во своите работни кабинети. Во рамки на средбата учениците од шесто до деветто одделение поставуваа прашања во врска со локалната самоуправа. Во оваа пригода, првиот човек на Општината им објасни на учениците како функционира една локална самоуправа и кои се неговите надлежности и приоритети. Низ разговор, младите карпошани го информираа Лукровски за нивните визии, желби и очекувања, Карпош да стане средина со повеќе зелени површини и чиста животна околина. Учениците и наставниот кадар упатија голема благодарност до градоначалникот Лукровски, кој на негова иницијатива со помош на Советот, неодамна пренамени дел од општинските средства, за покривање на трошоците за комуналии на ова основно училиште, велат од Општината.

Реклама

-Како градоначалник особено ќе се фокусирам на зголемување на културната понуда во нашата општина. Сакаме да обезбедиме поширок простор во кој ќе функционираат нови катчиња каде ќе се социјализираат младите луѓе. Мојата врата ќе биде ширум отворена за вашите предлози, сугестии и идеи. Вашата потреба ќе биде моја обврска, им вети Лукровски на основците од Карпош.

Во оваа пригода, учениците на градоначалникот му подарија цвеќе.