Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Прилози

Еколошки криминал под лупа – институциите најавуваат посилна борба и подобра координација

Еколошкиот криминал станува сè посериозна закана за здравјето, економијата и квалитетот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Еколошкиот криминал станува сè посериозна закана за здравјето, економијата и квалитетот на животот на граѓаните во Македонија. На националната тркалезна маса за климатска и еколошка правда, институциите, експертите и граѓанскиот сектор ги отворија најважните прашања, од превенција на ваквиот тип на закана, преку ефикасни истраги, до подобра меѓуинституционална координација. Министерот за правда Игор Филков нагласи дека правото на здрава животна средина е уставно гарантирано и дека успешноста на реформите ќе се мери преку практичната примена на новите закони.

„Наш предизвик е интензивирање на соработката со надлежните инспекции и нивното централизирање на регионално ниво, заради оптимално користење на посебните ресурси кои се неопходни за справување со предизвикувачите на загадувањето“, изјави министерот за правда Игор Филков.

Заменик-министерката за животна средина Ане Лешкоска истакна дека овој проект е клучен за приближување кон европските стандарди и зајакнување на системот за еколошка правда.

Реклама

Овој проект има стратешко значење за нашата држава откако  придонесува не само за зајакнување на системот за еколошка правда, туку и за зајакнување на европските стандарди и добрби практики во рамките на поглавјето „27 (животна средина и климатски промени) од пристапниот прцес кон Европската Унија“, изјави заменик министерката за животна средина Ане Лешкоска.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани потсети дека климатските политики веќе се дел од националните стратешки документи и дека новиот енергетски и климатски план ја приближува земјата кон европскиот модел.

Вложивме сериозни напори да ја вградиме климатската политика во стратешките документи. Новиот национален енергетски и климатски план го приближува нашето енергетско планирање кон европскиот модел каде што намалувањето на емисиите интеграцијата на обновливите извори и енергетската ефикасност се третираат како меѓусебно поврзани цели“, изјави Орхан Муртезани министер за европски прашања.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски предупреди дека еколошкиот криминал сè почесто добива форма на организиран криминал и дека најголемиот товар во постапките е во обезбедувањето докази.

„Еколошкиот криминал и кај нас веќе е класифициран како сериозен и сложен криминал… штетите од него се огромни и во здравствена и во економска форма. Во пракса се јавуваат одредени недостатоци, пред сè во фазата на обезбедување докази. Недоволните капацитети и скапите и долготрајните вештачења го обременуваат докажувањето. Бројот и сложеноста на предметите постојано расте“, изјави Љупчо Коцевски – јавен обвинител.

Последната незгода во која сериозно беше загрозена животната средина, се случи синоќа во Автокоманда, каде што од шахта на булеварот „Александар Македонски“ истече голема количина хемиска пена. Надлежните веднаш излегоа на терен по реакциите на граѓаните, а утврдено е дека загадувањето потекнува од околна фирма. Земени се примероци кои денеска ќе бидат анализирани. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски случајот го оцени како алармантен и најави строги санкции за правното лице доколку се утврдат неправилности.