Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Пешев: Претстои огромна промена во профилот на работната сила, ќе останеме со дипломи и без работа

Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Светот во овој момент мора навистина длабински да се подготви за промените кои следуваат, а ние да направиме максимален напор да ги мобилизираме сите наши сили, сè што можеме да искористиме за да имаме квалитативен, повисок одговор на она што ќе ни се случи во блиска иднина – огромна промена во профилот на работната сила, бран на технолошки иновации, изјави Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Македонија која денеска организираше конференција „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“.

Во таква ситуација, како што рече „цунами во најава“, во Македонија ќе треба да се направат исклучително големи промени во високото образование.

-Колку и да боли, колку и да изгледа непопуларно, на Македонија и треба квалитет, а не фабрика за печатење дипломи. Тоа е нешто што треба да го научиме. Ако во средното образование за дваесетина години работа на реформи дојдовме до ниво  70 отсто деца да се запишуваат во средните стручни училишта, дошло време таа работа да се случи и со универзитетите… Ќе останеме со диполми и без работа. И тоа нека биде сигнал за сите нас дека е време за аларм. Се надевам дека и Владата има разбирање за тој сегмент, заради тоа што се работи за реформа која досега сме ја немале, порача Пешев. 

Реклама

Укажа и на се поголемото влијание на вештачката интелигенција која ќе ги диктира професиите и профили на работна сила и притоа укажа дека треба да се внимава со нејзиното користење. 

-Вештачката интелигенција ја споредуваат со огнот.  Тој може да биде извонреден слуга, но ако ние не знаеме да го користиме и контролираме, може да ни се случи да биде многу непријатен господар. Она што најголемиот дел од светските водечки мислители во делот на вештачката интелегенција го говорат е дека светот заостанува во дефинирањето на позицијата на вештачката интелигенција во образовните процеси, редефинирањето на работните места и сето она каде тоа би се нашло, додаде Пешев.