Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Димитриеска-Кочоска: Барањата на судството го надминуваат законскиот лимит – рационално планирање на средствата е неопходно 

Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот за судството за следната година е планиран рационално, во рамки на законските лимити и во контекст на фискалната консолидација, а во моментот се прават анализи за процентот од буџетот кој што му следува во судството согласно европските практики, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

-Во 2025 година буџетот за судството изнесуваше 2 милијарди 858 милиони денари, а со ребалансот изнесува  2 милијарди 748 милиони денари. За следната година, буџетот е предвиден на исто ниво, додека нивното барање беше  5 милијарди 229 милиони денари. Важно е да се напомене дека секој буџетски корисник, согласно Законот за буџети, добива лимит од Министерството за финансии во рамките на кој треба да ги планира своите расходи. За судството, лимитот бил 2 милијарди 995 милиони денари, изјави министерката.

Во однос на платите, министерката нагласи дека во 2023 година платите во судството биле 1,995 милијарди денари, додека во 2025 – 2 милијарди 334 милиони денари (или за 5,5 милиони евра повеќе), а во 2025 година платите се зголемиле на 2 милијарди 334 милиони денари, додека во барањата за новиот буџет тие изнесувале 3 милијарди 751 милион денари – односно речиси 1 милијарда 400 милиони денари повеќе од сегашното ниво или плус 22,8 милиони евра.

Реклама

За ЈО рече дека буџетот е 886 милиони денари.

-Во услови на фискална консолидација, кога претходно се трошело повеќе од дозволеното, сега е неопходно да се постави државата на правилен пат и да се постигне буџетски дефицит од 3% за следната година. Иста е ситуацијата и со Основното јавно обвинителство и Народниот правобранител – за секој од нив можеме да ги наведеме лимитите, барањата и разликите во однос на износите” кажа министерката и потенцираше дека мора внимателно да се провери од што точно ќе се пресметува овој процент. Не е доволно да се каже „0,3%, 0,4% или 0,8%“ – треба да знаеме од кои приходи или средства произлегува. Во моментов извршуваме детални анализи за да го утврдиме точниот процент од буџетот што ќе му следува на судството и обвинителството. Нашата цел е рационално користење на средствата и транспарентно планирање во рамки на законските лимити, заклучи министерката.