Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Нов препумпен уред за фекална канализација во населба Илинден

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на препумпен уред во населено место Илинден.

Како што информираат од Општина Илинден, овој препумпен уред се поставува во најнискиот дел на н.м. Илинден и ќе ги зафати водите од фекална канализација на улица „19“ и припадните краци кои се наоѓаат на оваа улица. Препумпниот уред ќе претставува собирно место од повеќе улици од кои дел веќе имаат фекална канализација, но и улици каде во наредниот период ќе се работи на изградба на фекална канализација.

-Увид на градежните работи на терен направи градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој истакна дека отпадните фекални води од овој препумпен уред ќе се препумпуваат во веќе изградената пречистителна станица во населба Илинден и истите ќе се пречистуваат во станицата. На овој начин се овозможува комплетно зафаќање одведување и прочистување на отпадните фекални води што претставува наша приоритетна заложба во насока на обезбедување квалитетни услови за живот на нашите граѓани како и подобрување и унапредување на животната срединас, стои во соопштението.