Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

Николовски: Во октомври повторно надмината недостижната наплата на приходи, во Буџетот се слеале над 12 милијарди денари од Царинската управа

Царинската управа во октомври повторно ја надмина недостижната наплата на приходи –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа во октомври повторно ја надмина недостижната наплата на приходи – во Буџетот слеани 12,05 милијарди денари (196 милиони евра), за 11,4 милиони евра повеќе од лани, при што најголем раст од 16,6 проценти е забележан во наплатата на приходи од царина. Зголемените контроли, и поголемата институционална соработка и партнерски однос со компаниите се едни од причините за растот. Приходите од наплата на давачки при увоз на возила се зголемени за 11 проценти. Од почетокот на годинава досега се поднесени 89 кривични пријави за сторени кривични дела со возила. Царинската управа, во изминатиот период работи на сите фронтови. Заклучно октомври поднесени 174 кривични пријави. Резултатите се препознаени и од Европската комисија, која во последниот извештај нотира високо ниво на напредок во поглавјето Царинска унија со кое раководи Царинската управа. Ова се суштинските пораки од гостувањето на директорот Бобан Николовски, во „За или против“ на Алфа телевизија.

За зголемената наплата на приходи, што беше истакнато и од Европската комисија, директорот вели дека денес предизвикот е поголем бидејќи целта е да се надминат резултатите што се остварени од поставување на новото раководство.

„Дадовме гас до максимум, предизвик ни е да се надминеме самите себеси, да ги надминеме резултатите што самите ги постигнавме. Од почетокот на годинава, заклучно октомври  наплативме приходи од 1,77 милијарди евра, за 89,4 милиони евра повеќе споредбено со лани. Ова се повеќе пари за болници, училишта, патна и железничка инфраструктура.. Дадовме силен поттик – вистински пуш во економијата“, вели Николовски.

Реклама

Во однос на начинот на кој е постигнат висок напредок, тој вели дека „само со зацртана цел и визија и добар тим, резултатите ќе бидат видливи и мерливи“.