Реклама

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Сите повици и тимови на едно место-Скопје добива Центар за итна медицинска помош

Стоп за насилството врз жените, се бараат 7 милиони евра годишно и построги законски мерки за насилниците

Прв форум за енергетска дипломатија во Скопје, Македонија на пат кон енергетска независнот

Владата изгуби трпение – за 24 часа најде решение за проблемот со кравите во Крива Паланка

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Македонија

Штериев: Берзата немала улога во одобрувањето на преземањето на Алта банка, заштитата на малцинските акционери е обезбедена со Законот за преземање

Македонската берза немала законска улога во проверка, анализа или одобрување на документацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската берза немала законска улога во проверка, анализа или одобрување на документацијата во постапката за преземање на поранешна Стопанска банка Битола од страна на Алта банка Белград – истакна попладнево главниот извршен директор на Македонска берза Иван Штериев, на надзорната расправа во Собранието посветена на случајот со Алта банка.

Тој појасни дека според Законот за преземање, трансакциите што произлегуваат од успешни постапки за преземање не се извршуваат преку берзата, туку претставуваат нетрговски преноси што се регистрираат во Централниот депозитар за хартии од вредност.

– Согласно Законот за преземање, улогата на Македонска берза како организирано место на тргување и спојување на понуди и побарувачка во делот на Законот за преземање е исклучена. Трансакциите што се случуваат како епилог на успешни постапки за преземање се неберзански трансакции, а се врши таканаречен нетрговски пренос во Централниот депозитар за хартии од вредност – рече Штериев.

Реклама

Тој нагласи дека берзата единствено ги објавува намерата и понудата за преземање на својата веб-страница, но не врши нивна проверка.

– Берзата, за разлика од регулаторните органи, нема никаква улога да ги анализира, проверува и одобрува документите – истакна Штериев.

Во однос на евентуални неправилности при преземањето на банката, тој рече дека берзата нема надлежност да оценува такви прашања, туку нејзина обврска е да се грижи котираното друштво навремено да ги објавува ценовно чувствителните информации.

– И да имало неправилности, ние не сме орган со делокруг на работење и ингеренции за тоа. Она што нам ни беше битно е котираната компанија за време на таа постапка да ги дава адекватните информации – посочи Штериев.

Осврнувајќи се на положбата на малцинските акционери, тој оцени дека токму законската рамка за преземање е создадена за нивна заштита.

– Суштината на Законот за преземање е токму креиран за да ги заштити малцинските акционери. Кога ќе се појави потенцијален купувач на доминантен пакет, под исти услови еднократно им се нуди на сите акционери да ја прифатат понудата и да не бидат маргинализирани – рече Штериев.

Во врска со најавената јавна берзанска аукција за продажба на 95,336 проценти од акционерскиот капитал на Алта банка Битола, закажана за 30 ноември, Штериев објасни дека почетната цена од 3.777 денари за акција е утврдена согласно Законот за банки.

– Во законот е предвидено дека се зема просек од официјалните цени во последните три месеци со тргувањето со тие акции. Ние тој просек го пресметавме и доаѓаме до тие 3.777 денари – рече тој.

Штериев додаде дека аукцијата ќе се спроведе во два круга, при што заинтересираните инвеститори, кои ќе добијат претходна согласност од Народната банка, најнапред ќе треба да ја прифатат почетната цена, по што ќе следува фаза на наддавање со повеќе циклуси, а акциите ќе ги добие понудувачот што ќе понуди највисока цена.

– Значи, ако некој во првата фаза иницира интерес тогаш има втора фаза, таканаречена фаза на наддавање. Таа фаза трае неколку минути при што, бидејќи Македонската берза има искуство со разни аукции, историски наназад и така натаму, вграден е еден механизам да имате повеќе циклуси на тие фази на наддавање, односно во секој циклус, ако во последната минута има подобрување на цената тогаш се отвора нов циклус и така може до десет пати да се прави аукцијата и на крај нормално треба временски сепак да се пресече некаде. Ако во десеттиот циклус на втората фаза, наречена фаза на наддавање има наддавање, на крај трансакцијата ќе ја направи тој што ќе даде највисока цена во моментот на прекинување на аукцијата. Ова е инаку софтверски програмиран алгоритам и многупати испробан на Македонската берза – нагласи Штериев.

Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет Сања Лукаревска констатира дека е исцрпена листата на повикани учесници и сведоци и го прекина првото првото продолжение од надзорната расправа. 

– Од тие причини ја прекинувам надзорната расправа. Датумот на одржување на второто продолжение на надзорната расправа и распоредот на искази, агенда на претставници, односно сведоци од надзорната расправа, Комисијата за финансирање и буџет ќе ја утврдува дополнително на координација и за истите ќе бидете навремено информирани – рече Лукаревска.