Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Традиционална комеморација на загинати 33 македонски борци под француско знаме на македонски фронт 1914-1918 во Коломбел

Во Коломбел, во срцето на Нормандија, на денот на француското национално сеќавање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Коломбел, во срцето на Нормандија, на денот на француското национално сеќавање од завршувањето на Првата светска војна, македонско-француските здруженија „Илинден 1903“ и „Заборавени Македонци“, заедно со претставници на македонската дијаспора, оддадоа почит на паднатите македонски борци кои го дадоа својот живот во Првата светска војна, рамо до рамо со француските и сојузничките сили во Македонија.

-Во Франција 11 ноември  е национален празник познат како „Ден на примирието“, со кој се одбележува крајот на Првата светска војна во 1918 година, кога во 11 часот беше потпишано примирието меѓу сојузничките сили и Германија. На овој ден, низ целата земја се одржуваат комеморативни церемонии во чест на сите паднати борци и жртви на војната, а сеќавањето претставува симбол на мирот и помирувањето меѓу народите, се наведува во соопштението на Македонско-француското здружение „Илинден 1903“.

Церемонијата се одржа во Коломбел, во присуство на градоначалникот Марк Потије, кој ја нагласи важноста на интернационалната меморија и пријателството меѓу народите.

Реклама

-Овие херои, кои често остануваат во сенка на големите наративи, заслужуваат да бидат дел од нашата заедничка историја, изјави Иљо Бундевски во својот говор, проследен со македонската и француската химна.

Македонско-француското здружение „Илинден 1903“, е основано со цел да ги зближи Нормандија и Македонија преку културни и историски врски.

На спомен-плочата во Коломбел се врежани имињата на македонските борци, симбол на жртвата и достоинството.

Со оваа комеморација, Франција и Македонија повторно потврдија дека сеќавањето е мост меѓу генерациите и народите.

-Нашата задача е да не дозволиме овие имиња да исчезнат од историјата, порача претседателот на македонско-француското здружение „Илинден 1903“, Смиле Петровски.