Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Перински од Струмица: Локалниот развој не е политика, туку одговорност кон граѓаните

Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на иницијативата „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска се сретна со градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков и членовите на Советот на општината. На средбата се разговараше за клучните активности на Министерството, тековните и идните развојни проекти на општината, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Министерот Перински пред струмичките советници го претстави Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, подготвен во рамки на воспоставениот Ресурсен центар.

-Прирачникот претставува практичен документ наменет да им помогне на новоизбраните градоначалници во првите месеци од нивниот мандат, со јасни чекори и насоки за полесно и поефикасно водење на клучните процеси во општините, рече Перински, а најави дека истиот ќе биде доставен до сите градоначалници.

Реклама

Во однос на распределбата на средствата за проекти тој нагласи дека она што е клучно и што сака да го напомене е дека оваа Влада се води исклучиво врз основа на реалните потреби на граѓаните, а не врз политичка припадност на градоначалникот. Додаде дека преку потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините Струмица доби 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари.

Во рамки на посетата министерот Перински заедно со градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, изврши увид и во реализацијата на проектот G-pact од првиот повик на ИПА 3 програмата за прекугранична соработка Interreg (VI-A) ИПА помеѓу Бугарија -Северна Македонија, за изградба на нов парк во новиот дел на градот.

Вкупната вредност на проектот за Општина Струмица изнесува 391.918 евра, од кои 15 отсто се кофинансирани од Министерството за локална самоуправа.

-Со проектот се воспоставува нов зелен јавен простор со вкупна површина од 12.712 метри квадратни, со современ парк наменет за рекреација, урбана опрема, пешачки патеки, мал отворен амфитеатар за деца и фотоволтаичен систем за енергетска ефикасност, рече Перински.

Градоначалникот Јанков изјави дека досега е завршена првата фаза од изградбата на новиот парк.

-Паркот е со големина од 27.515 метри квадратни и се работи во две фази, а во тек е првата која се реализира преку програмата INTERREG во соработка со Европската Унија и Министерството за локална самоуправа. Втората фаза ќе биде реализирана во соработка со УНДП-амбасадата на Шведска и Министерството за животна средина. Наша обврска е да го уредиме просторот околу паркот со соодветна патна инфраструктура, асфалтен пат, тротоарски пешачки зони за да можат нашите сограѓани да имаат подобар пристап до овој дел на градот и нормално Јавното претпријатие „Комуналец“ да го уреди просторот околу паркот, рече струмичкиот градоначалник.

Тој и министерот Перински засадија дрвца во новиот парк, а како што истакна Јанков во следниот период ќе има и други активности за уредување на јавни површини, озеленување и нивно одржување, како во градот така и во населените места.