Реклама

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Економија

УЈП со проект “фискална едукација на младите”

Низ игра со бројки, пари и фискални каси – учениците од основните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Низ игра со бројки, пари и фискални каси – учениците од основните училишта започнуваат да учат што се даноци, како се пресметува, пријавува и плаќа данок, но и како функционира УЈП. Проектот  „Фискална едукација“ стартуваше во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Аеродром.

Целта е преку оваа активност децата да развиjат вештини и навики од нивната рана возраст за да бидат подобро подготвени за финансиските предизвици во животот – вели директорката на УЈП Елена Петрова.

“Сега одиме чекор понапред и фискалната едукација на млади ја симнуваме и во основните училишта. Едукатори од УЈП заедно со наставници од основните училишта ќе работат со децата, со учениците, на еден забавен, интерактивен начин со интерактивни, креативни игри и задачи, да им пренесат, како се собираат даноците, како се трошат парите од даноците и дека фискалната сметка не е обично парче хартија, туку е еден симбол на заеднички придонес на сите нас” изјави директорката на УЈП, Елена Петрова.

Реклама

Поддршка за спроведувањето на проектот дадоа и од Министерството за образование и наука и општина Аеродром.

УЈП контуинирано врши едукативни работилници преку проектот „Фискална едукација на младите“, со  кој  основците но и средношколците од цела држава неколку години по ред имаат можност да добијат појасна претстава за тоа што претставува данокот и која е општествената придобивка од плаќањето на даноците.