Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Нервозна реакција од Арсовска откако Ѓеорѓиевски обелодени во каква катастрофална состојба е градот

Екс-градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како да ја фаќа паника откако новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс-градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, како да ја фаќа паника откако новиот градски татко Орце Ѓеорѓиевски обелодени дека по само неколку дена на функција затекнал катастрофална состојба во градот.

Таа на Фејсбук, со недоличен речник, го повика Ѓеорѓиевски јавно да ги објави сите фирми со долгови како и сите отпуштени од работа, а го повика и на ТВ дебата за да ги соочат фактите. „Ако сакаш како маж да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“, напиша Арсовска.

Инаку, реакцијата на Арсовска следи откако Ѓеорѓиевски обелодени дел од хаосот во Скопје, како на пример дека долгот што го наследил од неа во јавните претпријатија е над 300 милиони евра, дека само досега се отпуштени 500 работници кои добивале плата, а не оделе на работа, и дека во Комунална хигиена имало само 16 камиони за отпад кои биле функционални.