Реклама

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Македонија

Трајков: Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почувствуваат компаниите, институциите и пред се граѓаните

Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секоја реформа ќе биде плус на државното салдо, а крајниот исход ќе го почувствуваат компаниите, институциите, а пред се граѓаните, истакнала заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков на денешната панел дискусијата во Стопанската Комора посветена на „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда-зошто се важни за бизнис секторот?“.

Пред европските претставници и бизнис заедницата, како што соопшти Министерството за европски прашања, заменик-министерката Трајков нагласила дека Планот за раст има за цел намалување на економските диспаритети меѓу земјите од Западен Балкан со земјите од ЕУ, а преку тоа и да овозможи подобрување на животот на граѓаните и подобрување на стандардите во сите сфери од живеењето. 

-Владата посветува големо внимание на спроведување на зацртаните чекори во Реформската агенда, која што сме ја презеле како обврска и која се надевам ќе ја спроведеме доследно и во целост. Финансиската помош предвидена со Реформската агенда, сепак, не е подарок. Таа зависи од нашата подготвеност да сработиме за да може да продолжиме напред. Секоја реформа ќе биде плус на нашето салдо, а крајниот исход ќе го почуствуваат компаниите, институциите, а пред се-граѓаните, истакнала Трајков пред присутните во Стопанската Комора.

Реклама

Таа потсетила дека за да се почувствуваат бенефитите, ќе мора сите да работиме заедно и здружено, бидејќи само така можеме да одиме напред и само така ќе бележиме успеси на патот кон ЕУ.

Заменик-министерката за европски прашања,  истакнала дека нашата земја е првата во регионот која ги доби средствата за претфинансирање во рамките на Инструментот за реформи од вкупно предвидените 750 милиони евра, за поддршка на инвестициски проекти, како и за поддршка на реформските процеси, кои се насочени кон зајакнување на економската интеграција.

-Предвидени се и конкретни цели во делот за деловното опкружување, а овде би спомнала само некои во интерес на времето, меѓу кои: олеснување на пристап до заеми за малите и средни претпријатија, надминување на административните бариери, поефикасен режим и транспарентност во врска со државната помош, справување со неформалната економија…  Листата на поставените реформски цели е долга, дел од овие цели ги спроведовме, а дел остануваат да се спроведат во периодот што следува, нагласила Трајков.

Заменик-министерката потсетила дека од неодамна и официјално почна со примена Единствената зона за плаќања во евра (СЕПА) со што граѓаните и компаниите ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра кон и од земјите членки на СЕПА под исти услови како и во ЕУ. Со тоа, како што се наведува во соопштението, олеснети се и плаќањата за компаниите кон странски партнери, со што се стимулира извозот и се отвора простор за нови вработувања.