Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Николоски – Ал Кајари: Зголемување на економската соработка со Катар и воспоставување директна авиолинија Скопје -Доха

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Рашид Бин Саед Ал-Кајари вршител на должност амбасадор на Катар.
 
Двајцата соговорници, како што соопшти Министерство за транспорт, констатирале дека билатералната соработка е на добро ниво, потенцирајќи ја можноста за зајакнување на економските и трговски односи меѓу двете земји.
 
На средбата вицепремиерот Николоски истакнал дека Владата има амбициозна програма во делот на инфраструктурата, исто така во туризмот и авиосообраќајот.

– Во таа насока, Македонија води одлични политики во делот на ависообраќајот и ја потенцира можност за воспоставување на авиолинија меѓу Македонија и Катар (Скопје и Доха), посочил Николоски. 
 
На средбата се разговарало и за зголемување на соработката во  транспортниот сектор, туризмот и инвестициите. Притоа вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е во фаза на реализација на крупни капитални проекти и повикал на сите заинтересирани компании од Катар да се пријават на меѓународните јавни повици.
 
-Соработката меѓу Македонија и Катар е многу важна за развој на економијата, туризмот и секако за поврзување на граѓаните од двете земји. За нас е посебно значајно да се воспостави директна линија меѓу двете земји, пред се поради одржување на бизнис релациите. Имаме добра соработка со Катар, но сметаме дека постои голема можност оваа соработка да се зголеми преку размена на искуства, нови инвестиции итн… нагласил Николоски.