Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Економија

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел – да изградиме модерен и функционален град

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретнал со заменик-претседателот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска се сретнал со заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Како што објави Ѓорѓиевски на Фејсбук, средбата со вицепремиерот била конструктивна и оти разговарале за заедничките проекти кои ќе ги реализираат, а коишто ќе донесат вистински бенефит за сите жители на нашиот град.

-Скопје го развиваме заедно! Главни теми на состанокот беа подобрувањето на транспортниот систем преку реализација на проектот Градски воз, набавката на нови еколошки автобуси за градскиот превоз, како и модернизацијата на инфраструктурата во Скопје. Министерот Николоски ја потенцираше силната заложба на Владата за реализација на капитални инвестиции во главниот град како темел на неговиот иден развој, напиша Ѓорѓиевски.

Реклама

Како што потенцира градоначалникот, заеднички со вицепремиерот заклучиле дека Скопје има потреба од нов план за трансформација на градскиот сообраќаен систем, кој ќе донесе поголема ефикасност, економичност и подобар квалитет на живот за граѓаните.

 -По започнувањето на изградбата на првата од трите линии на Градскиот воз, следен приоритет ќе биде подготовката на другите две линии кон Ѓорче Петров и кон Миладиновци. Градот Скопје е веќе во комуникација со Владата на Република Македонија за набавка на нови еколошки автобуси кои значително ќе го подигнат јавниот превоз на едно високо ниво. Искрено ја изразувам својата благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, министерот Александар Николоски и целата Влада за нивната постојана поддршка и визија. Скопје ќе го развиваме заедно, со работа, со посветеност и со јасна цел – да изградиме модерен и функционален град во кој сите ќе живееме подобро, посочува градоначалникот Ѓорѓиевски.