Реклама

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија

Најмногу дожд во Струмица, 42 литра на метар квадратен

Четириесет и два литра на метар квадратен изнесувала количината врнежи во Струмица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четириесет и два литра на метар квадратен изнесувала количината врнежи во Струмица изминатите 24 часа, до седум утрово, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Гевгелија изнесувала 36 литри на метар квадратен, 30 – Пожар – Радовиш, 29 – Претор, 26 – Битола, 24 – Крушево, 23 – Тополчани, 18-  Попова Шапка, Маврови Анови, 17 – Прилеп, 16 – Демир Капија, 15 – Берово, 14 – Пожаране, Виница, 12 – Тетово, 10 – Штип, Ѓуриште, 9 – Лазарополе, Кавадарци, Крива Паланка, Кавадарци, Велес, 8 – Скопје – Петровец, Куманово, 6 – Скопје-Зајчев Рид, покажуваат податоците на УХМР.

Најниската минимална температура, 6 – била евидентирана во Крушево, Маврови Анови, Лазарополе. Потоа 8 – Претор, 9 – Берово, Крива Паланка, Прилеп, Битола, 10 – Тетово, 11 Скопје – Петровец, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Куманово, 12 – Велес, Штип, 13 – Гевгелија, Струмица, 14 – Демир Капија.

Реклама

Времето денеска се очекува да биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Според УХМР, наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни – над 30 литри на метар квадратен за 24 часа, со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура се очекува да биде во интервал од 14 до 18 степени.

Синоптичарите за во Скопје предвидуваат претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура да достигне до 17 степени.