Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Мицкоски: Инфлацијата оваа година меѓу 3,5 и четири проценти

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите во Петровец, посочи дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска во изјава за медиумите во Петровец, посочи дека проекциите на Владата за инфлацијата во 2025 година се меѓу 3,5 и четири проценти.

Премиерот одговарајќи на прашање на новинарите по однос проекциите на Народната банка за поголема стапка на инфлација споредбено претходните предвидувања на владиниот кабинет, истакна дека било очекувано овој октомври инфлацијата да биде поголема во споредба со истиот месец лани.

– Очекуваме инфлацијата овој месец да биде нешто поголема бидејќи таа беше многу ниска минатиот октомври, поради мерките што тогаш ги презедовме. Значи базата е ниска, но во рамките на 4 односно 4,5 проценти. Годишната за 2025 година очекувам да биде меѓу 3,5 и 4 проценти, а следната година да биде меѓу 2 и 3 проценти. На тој начин планираме да ги поставиме нашите проекции, рече премиерот Мицкоски.

Реклама

Проекцијата на Народната банка е инфлацијата оваа година да изнесува 3,9 проценти.