Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче под менторство на Заев, СДСM ја направи петта партија во Скопје и на раб на исчезнување

Локалните избори поминаа, а СДСМ доживеа тежок историски пораз, изборно цунами кое…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалните избори поминаа, а СДСМ доживеа тежок историски пораз, изборно цунами кое е на праг да ја збрише од политичката сцена во државата. Некогашниот голем СДСМ и најголем политички опонент на ВМРО-ДПМНЕ, сега е веќе трета партија во државата, додека пак во ниво на град Скопје е дури петта, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој историски дебакл на СДСM има име и презиме. Венко Филипче, што поразот го претставува како успех, под диктат на неговиот ментор Зоран Заев, партијата ја дотурка до раб на исчезнување.

Многу очигледно е дека СДСM и натаму функционира под диригенство на Заев, зошто Филипче ниту се дистанцираше од него и неговите политики, ниту покажа капацитет да ја врати партијата на вистински пат. Туку напротив, Филипче со Заев тераше луди журки во Дубаи и луксузни одмори по Халкидики.

Реклама

Овие изборни резултати се јасен показател дека народот ја казни оваа нивна аздисаност и безидејност. На локалните избори СДСM освои 126 илјади гласа и околу 230 советници, а победи само во 6 општини при што ги изгуби градовите каде што со години наназад доминираше.

И покрај ваквиот историски пораз, во СДСM нема реформи. Во партијата на чело со Флипче упорно се прави обид за негов спас и криењето на вистинскиот виновник. За СДСM, веќе, не се решение ниту оставките без суштина, едноставна промена на некои кадри, кои само го одложуваат неизбежното, а тоа е потребата од целосна промена во врвот на партијата, на чело со Филипче.

Ова не е изборен резултат кој треба да се релативизира, а најмалку да се претставува како добар или одличен, нешто што Филипче се обидува. Затоа со него и со ова партиско раководство СДСM ќе продолжи и понатаму да тоне. Потребно е итна оставка на Венко Филипче и реформи во СДСM, затоа што на Македонија и е потребна вистинска, консолидирана и силна опозиција со кредибилитет.