Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Директорот на Дирекцијата за ТИРЗ на средба со компанијата Hyundai Corporation Holdings

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, денеска се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, денеска се сретна со Сунгву Хонг, генерален менаџер на претставништвото за Европа на јужнокорејската компанија Hyundai Corporation Holdings, како и Иван Петровиќ, почесен конзул на Република Кореја и Драган Илиевски, финансиски директор на Фила Група. На средбата, чија цел беше разгледување на можностите за инвестирање во рамките на ТИРЗ, беше дискутирано за потенцијалите кои ги нудат зоните, предностите, како и механизмите за поддршка што ги нуди државата за странските инвеститори.

Димовски, како што информираат од Дирекцијата за ТИРЗ, ги истакна можностите кои ги нудат зоните, посочувајќи дека главната цел е создавање на уште поповолна инвестициска клима, со инвестиции кои ќе донесат висока додадена вредност. Тој нагласи дека Дирекцијата за ТИРЗ е целосно посветена на обезбедување на поддршка на странските инвеститори преку ефикасни административни процеси, стабилно и предвидливо деловно опкружување, како и олеснет пристап до современа инфраструктура и квалификувана работна сила.

-Претставникот на Hyundai Corporation Holdings, Сунгву Хонг, со очекување за понатамошна соработка, изрази особен интерес за Македонија како дестинација за потенцијално проширување, посочувајќи дека компанијата е во потрага по локации кои нудат добра инфраструктура, квалификувана работна сила и поволни услови за проширување на производствените капацитети, соопшти Дирекцијата за ТИРЗ.

Реклама

Иако брендот HYUNDAI најчесто се поврзува со автомобилската, машинската и тешката индустрија, Hyundai Corporation Holdings го прошири своето делување и на други сегменти, меѓу кои електрониката, хардверот и иновативните технологии. Со тоа, компанијата активно ја унапредува вредноста и препознатливоста на брендот HYUNDAI на глобално ниво. Денес, портфолиото на производи вклучува домашни апарати, преносни генератори, опрема за домаќинство и индустрија, осветлување и батерии, што претставува значаен потенцијал за технолошки развој и можности за соработка.