Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Кисела Вода доби нов градоначалник: Бети Стаменковска- Трајкоска ја презеде функцијата од Орце Ѓорѓиевски

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа примопредавањето на градоначалничката функција помеѓу…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа примопредавањето на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и новоизбраната градоначалничка Бети Стаменковска -Трајкоска.

Двајцата градоначалници, како што информираат од Општина Кисела Вода, разговарале за тековните активности и идните приоритети на општината, нагласувајќи ја важноста на континуитетот, тимската работа и одговорното управување во интерес на граѓаните.

Досегашниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, кој по завршените избори беше избран за градоначалник на Град Скопје, ѝ честиташе на својата наследничка и ѝ посака успешна работа.

Реклама

– Му благодарам на тимот во Општина Кисела Вода за посветеноста во изминативе години. Силно верувам во капацитетот на градоначалничката Стаменковска – Трајкоска и сум убеден дека започнатите проекти ќе продолжат со исто темпо, а општината ќе продолжи да расте и да се развива, истакнал Ѓорѓиевски.

Новата градоначалничка Бети Стаменковска – Трајкоска се заблагодарила за честитките и изразила почит кон постигнатото во изминатиот период. Таа најавила дека на почетокот од мандатот фокусот ќе го насочи кон динамично продолжување на веќе започнатите инфраструктурни и урбани проекти, како и кон нови иницијативи што ќе ја унапредат животната средина, младинските политики и поддршката за семејствата.

– Ќе продолжиме да работиме посветено, отчетно и со слух за граѓаните. Општина Кисела Вода ќе остане пример за организирана, современа и динамична локална самоуправа, истакнала градоначалничката Стаменковска -Трајкоска.

И двајцата градоначалници, кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја нагласиле важноста на соработката и стабилноста во локалното управување како предуслов за континуиран развој на општината.

Бети Стаменковска – Трајкоска го освои мандатот на локалните избори во 2025 година, победувајќи уште во првиот круг со 14.946 добиени гласови.