Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Филип Николоски во „Бизнис-клуб“: Реформата на јавната администрација ќе придонесе за ефикасно функционирање на државата

„За да тргнеме напред, прво треба да ја лоцираме суштината на проблемот.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„За да тргнеме напред, прво треба да ја лоцираме суштината на проблемот. Ние тоа го правиме, но кога ќе дојде моментот на решавање на проблемот, тука застануваме. Затоа ние не го решаваме проблемот, туку ги санираме последиците. Второ, треба да се создадат услови за професионални институции, со намалување на бројот на луѓе во државната администрација, така што ќе останат само професионалци со добри услови за работа. Државата е институција која ќе му помогне на бизнис-секторот во реализацијата на неговите цели и планови за да постигне резултати“ изјави Филип Николоски, сопственик на култната кафеана „Уранија“ и финансиски и инвестициски експерт, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески, се вели во соопштението од Стопанска комора на Македонија. 

Според Николоски, три клучни работи треба да бидат основа за поддршка на државата за таа да се врати на вистинскиот пат и да постигне економскиот раст и напредок:

–        лоцирање на суштината на проблемот;

Реклама

–        негово решавање и

–        создавање професионални институции со професионална администрација.

Тој потенцираше дека реформата на администрација е неопходна за создавање професионална и функционална администрација. Администрација која навремено ќе испорачува услуги на бизнисот, бидејќи бизнисот е непредвидлив и нема време за чекање. Само на таков начин, според него, ќе може да се оствари посакуваниот раст од 4% на БДП, бидејќи во последните години се остварува скромен раст од 2%.

„Ако фирмите се професионални, а наидеш на недоволно професионална државна администрација и непрофесионални институции, автоматски имаш судир и не можеш да  се движиш во позитивна насока“ изјави Николоски.

Според него, луѓето не сакаат да се менуваат, да ги водат процесите кон подобро и да учествуваат во решавање проблеми. Потенцираше дека имаме добри закони, но слаба имплементација – што претставува сериозен проблем за функционирање на државата.

Запрашан за иднината на „Уранија“ истакна дека фирмата функционира како тим со сите вработени, но и со гостите кои што во текот на годините се исти, а традицијата за посета на „Уранија“ се пренесува со генерации. За да бидат во чекор со новото време, се воведуваат стандарди во работењето, модернизација на процесите и нови услуги. Основна цел на фирмата е испорака на квалитетна услуга и задоволство на гостите.

Во разговорот го истакна и проблемот со кој се соочува целата македонска економија, а не го одмина ни угостителски сектор – недостатокот на кадар, кој според него, со текот на годините уште повеќе ќе се продлабочува.