Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Манасиевски: Покажавме зрелост, достоинство и демократска свест, првпат по подолго време имаме европски избори

Со гордост можеме да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со гордост можеме да кажеме дека Македонија уште еднаш покажа зрелост, достоинство и демократска свест. Денеска нашата држава помина низ мирни, фер и демократски избори кои се гордост за секој наш граѓанин, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски на прес-конференција по завршување на гласањето.

Тој изрази огромна благодарност на сите граѓани кои излегле на гласање и ја покажале својата одлучност и доверба.

– Сите извештаи говорат дека изборниот ден помина во мирна и достоинствена атмосфера, тоа е доказ дека Македонија знае да спроведе демократски избори по највисоки стандарди, рече Манасиевски.

Реклама

Тој подвлече дека очекува одличнен изборен резултат на ВМРО-ДПМНЕ и голема победа.

– Знаеме дека граѓаните очекуваат резултати, решенија и нова енергија. Ние таа доверба нема да ја изневериме. Од утре почнуваме со работа, со уште поголема посветеност и одговорност, рече Манасиевски и најави дека во текот на вечерта ќе започнат со објавување на првите резултати од гласањето. 

На новинарско прашање за малата излезност во Сарај и во Чаир и дали тоа би значело блокирање од нивниот коалициски партнер ВРЕДИ, Манасиевски одговори дека гласањето е избор на секој човек поединечно.

-Тоа што одреден поединец или одредена партија дава или не дава поддршка на еден кандидат е одраз на став зад кој стојат повеќе причини. Тоа е нивна одлука, ние во тоа нема да навлегуваме, секој граѓанин има право да го изрази својот став, сепак сме демократска држава. Ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе работиме оние партиски и етнички бариери да ги отргнеме, да работиме за заедништво и заедничка држава, рече тој.

На новинарско прашање колку градоначалнички места се очекуваат, Манасиевски рече дека очекуваат во секоја општина каде имаат градоначалник од вториот круг да извојуваат огромна победа, вклучително и во Скопје каде очекуваат убедлива победа.

Во однос на реакциите на некои партии за нерегуларности, тој повтори дека имаше фер и демократски избори и дека за првпат по подолго време има европски избори.