Реклама

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Прилози

Мециновиќ со визија за ново Скопје

Се претставува како новото лице на Скопје — млад, енергичен и решен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Се претставува како новото лице на Скопје — млад, енергичен и решен да ја „смени играта“. Но, прашањето е: колку ново може да биде нешто што делува веќе видено?

Амар Мециновиќ, 29-годишник од Скопје, потекнува од Чаир. Во медиумите често раскажува за детството во мешана средина, каде – како што вели – „секојдневно се собирале педесетина деца и играле граница“. Сега, пак, тој е на политичкото игралиште – и се обидува да покаже дека знае каде е линијата што не треба да се премине.

Во младоста тренирал кик-бокс, играл фудбал и работел како градежен работник и курир – искуства со кои, според него, ја разбрал реалноста на „обичниот човек“. Денес, реалноста што ја гледа од собраниската клупа изгледа поинаку од онаа што ја опишува во интервјуата.

Реклама

Од спортската сала до собраниската говорница – Мециновиќ стана едно од најгласните млади имиња на Левица, пред се благодарение на уникатната кампања.

Во официјалната биографија објавена на порталот на Левица стои дека има завршено факултет. Во јавноста, пак, стои дека се уште не дипломирал. Откако медиумите го посочија тоа, Мециновиќ призна дека не го завршил факултетот за политички науки на кои со години е студент. Во јавноста целата кампања настапуваше самоуверено, така и ја завршува.

Во својата кампања Мециновиќ најавува ред во урбанизмот, борба против дивоградбите и крај на градежниот хаос. Но, според веќе објавените податоци, неговиот татко поседува објект во Скопје Север без целосна документација.

Во програмата ветува скапи проекти како – железница на столбови од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, долга 13 километри и вредна повеќе од половина милијарда евра; нов Саем, нов Луна Парк, нов базен. Скопје, според него, треба да стане модерен град на иднината.

Но останува дилемата – чија иднина, и на чија сметка? Мециновиќ се претставува како симбол на новото време, дали е навистина така, ќе покаже токму времето, доколку ја добие довербата од Скопјани.