Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Раст од 2,7 проценти на индустриското производство во септември на годишно ниво

Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти  во однос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Индустриското производство во септември годинава е зголемено за 2.7 проценти  во однос на септември минатата година, а за 2,3 проценти во периодот јануари – септември 2025-та споредено со истиот период од  2024-та, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Во секторот Преработувачка индустрија,  во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, регистриран е раст од 3,1 процент на индустриското производство,  а опаѓање од 2,5 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и од 1,7 проценти во Рударство и вадење на камен.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, имаат одделите: Производство на прехранбени производи со 8.3 проценти,  Производство на електрична опрема со 8.2  проценти и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 7.7 проценти. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат  на зголеменото производство и во одделите: Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи и Производство на мебел. 

Реклама

Според главните индустриски групи, производството во септември 2025 година, во однос на септември 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 1.6 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 6 проценти и Капитални производи за 3 проценти, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 5.6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 проценти.