Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) најавува изградба на две нови клучки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) најавува изградба на две нови клучки на експресниот пат Крива Паланка–Страцин со цел подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Ќе се градат клучки кај местото „Десетак“, којашто треба да ја подобри поврзаноста со село Отошница и кај Петралица за полесен пристап до Технолошко индустриската зона Ранковце. 

Како што објави ЈПДП на својата фејсбук страница, проектната документација за двете клучки е во финална фаза и се очекува нивно одобрување од страна на надлежните институции.

Директорот на ЈПДП Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски биле на терен на локациите каде што ќе се градат новите две клучки.

Реклама

– Со изградбата на двете клучки ќе се овозможи: побезбеден и поефикасен сообраќај; подобра поврзаност со локалната патна мрежа, подобар пристап до образовни, здравствени и економски центри, поттик за локален развој, туризам и инвестиции, информираат од ЈПДП и истакнуваат дека остануваат посветени на изградба на модерна и безбедна инфраструктура низ целата држава.