Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

„Гунвор Груп“ го презема меѓународниот бизнис на „Лукоил“

Рускиот нафтен гигант „Лукоил ПЈСК“, кој е под санкции на САД, соопшти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Рускиот нафтен гигант „Лукоил ПЈСК“, кој е под санкции на САД, соопшти дека ја прифати понудата од енергетска компанија „Гунвор Груп“ за купување на неговата меѓународна единица „Лукоил Интернешнл ГмбХ“.

Според „Лукоил“, склучувањето на обврзувачки договор за трансакција со „Гунвор“ е предмет на исполнување на одредени услови, вклучувајќи го и добивањето на одобрение од американската влада, како и други релевантни лиценци, дозволи и одобренија.

Продажбата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп на 22 октомври воведе санкции против Русија поради војната во Украина, насочени кон нафтените компании „Лукоил“ и „Роснефт“. САД им дадоа рок на компаниите до 21 ноември да ги прекинат своите трансакции со руските производители на нафта.

Реклама

Трговската групација „Гунвор“, чиј ко-основач, извршен директор и мнозински сопственик е шведскиот милијардер Торбјорн Тјорнквист, е една од најголемите светски компании за трговија со нафта. Групацијата „Гунвор“ е регистрирана на Кипар, со главно трговско седиште во Женева, Швајцарија. Има канцеларии во Сингапур, Хјустон, Стемфорд, Лондон, Калгари и Дубаи, како и мрежа на претставништва низ целиот свет.

Се занимава со трговија, транспорт, складирање и оптимизација на нафта и други енергетски производи, како и инвестиции во нафтени терминали и пристанишни објекти. Компанијата набавува сурова нафта и нафтени производи од производители и ги дистрибуира до пазарите преку цевководи и танкери.

Останува непознато што ќе се случува со бројните меѓународни проекти во кој е вклучен „Лукоил“, истражувањето и производството во поранешните советски републики како што се Казахстан, Узбекистан и Азербејџан, како и во Египет, Обединетите Арапски Емирати и западноафриканските држави Гана, Нигерија, Камерун и Конго.

На крајот на 2024 година, „Лукоил“, според руската новинска агенција ТАСС, имал мрежа на бензински пумпи во 20 земји, вклучувајќи 2.456 објекти во странство, меѓу кои и во Македонија.

Преку својата трговска подружница Литаско, Лукоил поседува две рафинерии – Петротел Лукоил во Романија и Лукоил Нефтохим Бургас во Бугарија, како и 45 проценти удел во рафинеријата Зеланд во Холандија.

Компанијата учествува и во експлоатацијата на големи нафтени и гасни полиња, вклучувајќи ги Шах-Дениз во Азербејџан (19,99 проценти удел), Карачаганак и Тенгиз во Казахстан (13,5 и 5 проценти), како и Кандим-Хаузак-Шади и Гисар во Узбекистан.

Лукоил е еден од најголемите акционери на Конзорциумот за касписки гасовод.

На Блискиот Исток, компанијата е активна на нафтните полиња Западна Курна-2 и Ериду во Ирак, а има и 10 проценти удел во проектот Гаша во Абу Даби.

Во Мексико, Лукоил, заедно со италијанската Ени, ги развива блоковите 10, 12, 28 и Аматитлан, додека блокот 4 се развива во соработка со мексиканската компанија ПетроБал.

На африканскиот континент, Лукоил учествува во проекти во Гана, Египет, Камерун, Република Конго и Нигерија.