Реклама

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Економија

Нова потенцијална инвестиција на холандската компанија PWT Group BV во ТИРЗ

– Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски денеска имаше работна средба со Питер ван дер Легте, извршен потпретседател на ВДЛ Груп, Аврам Стојчевски, генерален директор на компанијата ВДЛ Ван Хоол Македонија и Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, на која се разговараше за моменталната состојба на двете компании, како и за понатамошните планови и можности за инвестирање во рамки на зоните.

Димовски, информираат од Дирекцијата на ТИРЗ, ја посочи важноста на континуираната поддршка за сите компании кои работат во рамки на ТИРЗ, потенцирајќи ги можностите за инвестирање кои ги нуди Македонија. Во таа насока, тој истакна дека во соработка со Владата и сите останати институции, активно се работи за уште подобри услови за инвестирање, што позитивно ќе влијае на националната економија.

-Од страна на менаџментот на ВДЛ Ван Хоол беше изразено особено задоволство за досегашната соработка, при што беа презентирани тековните активности на компанијата, како и плановите за во иднина. Дополнително, беа нагласени и стратешките цели за континуиран раст, унапредување на производствените процеси и креирање на нови работни места. Питер ван дер Веген, генерален менаџер на холандската компанија PWT Group BV, како долгогодишен деловен партнер на ВДЛ групацијата, истакна дека Македонија со својата стабилна бизнис клима претставува атрактивна дестинација за инвестирање. Тој истакна дека производите на компанијата се користат низ целиот свет во најсложените апликации, исполнувајќи ги исклучително високите барања за квалитет, соопшто Дирекцијата на ТИРЗ.

Реклама

Инаку, компанијата е производител на надворешни и внатрешни запчаници, менувачи и пињони/пињонски вратила, а со своите ултрамодерни машини е во можност да извршува разни тешки механички процеси, користејќи најнови CNC техники и машини за да се гарантира најдобар квалитет и време на извршување. Производите се наменети за бројни индустрии, како рударската, челичната, нафтената и гасната индустрија и индустријата за одржлива енергија.