Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Почна „Енерго-Технома 2025“ – на едно место ги спојува знаењето и технологијата за одржлива иднина

Со свечено отворање во арената „Борис Трајковски“, вчера започна четиридневната саемска манифестација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со свечено отворање во арената „Борис Трајковски“, вчера започна четиридневната саемска манифестација „Енерго-Технома 2025“ под покровителство на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Настанот се одржува под мотото „Вклучи одржливи навики“ и годинава ги става одржливоста, иновациите и младинската енергија во прв план.

Отворањето се одржа во присуство на претставници од стопанството и академската заедница, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа нагласи дека „Енерго-Технома 2025“ претставува платформа што ќе ги обедини знаењето, креативноста и индустрискиот напредок во насока на градење одржлива и иновативна иднина.

„Енерго-Технома 2025 претставува спој на идеи, визии и решенија. На едно место ги поврзува индустријата, науката, јавноста и младите иноватори. Со тоа создава мост меѓу академијата и реалниот сектор, поттикнува нови партнерства и отвора простор за развој на талентот и креативноста што ја имаме во изобилство. Горда сум што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е покровител на оваа манифестација, која ја покажува енергијата на новата генерација. Генерација што верува дека иновативноста и одржливоста одат рака под рака“, истакна Божиновска.

Реклама

На отворањето се обрати и Даниела Глигоровска, извршен директор на „Скопски саем“, која го истакна значењето на саемот и како место за размена на идеи и поттикнување на соработки.

„’Енерго-Технома 2025’ годинава ги соединува иновациите, науката, индустријата и јавноста. Особено сме горди што го прошируваме фокусот кон одржливите решенија и што им даваме глас и простор на младите иноватори, кои се двигатели на промените. Веруваме дека токму преку оваа манифестација ќе се поттикнат нови соработки, идеи и партнерства што ќе носат реални придобивки за сите“, изјави Глигоровска.

На саемот учествуваат повеќе од 40 компании од земјата и регионот, кои ги презентираат своите најнови производи и технологии од енергетиката, соларните и хибридни системи,

климатизација, интелигентни мрежи и автоматизација. Посетителите ќе имаат можност да присуствуваат и на стручни презентации, практични демонстрации и тематски дискусии. Посебен сегмент е резервиран за младите иноватори од техничките факултети, кои ги изложуваат своите проекти пред компании и институции, со можност за остварување практикантства или идни соработки.

„Енерго-Технома 2025“ ќе трае до 30 октомври и нуди богата програма посветена на енергетската ефикасност, циркуларната економија и иднината на одржливата технологија.

Денеска и утре, посетителите ќе можат да го посетат саемот од 10 до 18 часот, а во четврток од 10 до 17 часот.