Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

Божиновска: Нашата енергетска транзиција е во тек, инвестираме во нови проекти за соларна и ветерна енергија

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реформите во енергетиката веќе даваат резултати. Обновливите извори на енергија во земјава сочинуваат повеќе од половина од вкупниот инсталиран капацитет на електрична енергија. Бројката е 56 проценти во 2024 година. Ова покажува големо достигнување и претставува јасен сигнал дека нашата енергетска транзиција е во тек, рече министерката  за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на првата пленарна сесија што се одржа во рамки на  14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14).

Како што истакна Божиновска, структурата на овој напредок е уште повпечатлива ако се земе предвид дека фотоволтаичните електрани сега претставуваат 28 проценти од инсталираниот капацитет, заменувајќи ги големите хидроелектрани со 24 отсто.

-Минатата година производството на сончева енергија се зголеми за 180 проценти во споредба со претходната година. Овие бројки зборуваат многу, а успехот не е случаен, туку е резултат на нашите јасни цели, на стабилната легислатива и силните партнерства. Нашата Влада креираше поволна средина за приватни инвестиции со поедноставување на издавањето дозволи, воведување механизам за поддршка базиран на пазарот и обезбедување транспарентност во управувањето со енергијата, нагласи министерката.

Реклама

Дополни и дека Македонија инвестира во нови проекти за соларна и ветерна енергија.

-Овие инвестиции се неопходни за одржување на сигурноста и флексибилноста, бидејќи интегрираме повеќе ресурси за чиста енергија. Но, со прогресот доаѓа и одговорноста. Како што расте капацитетот за обновлива енергија, нашиот фокус мора да се префрли кон системска интеграција, регионални интерконекции и дигитални иновации, технологии за складирање. Прекугранични размени на енергија ќе го направат нашиот систем многу поотпорен и поврзан со eвропската мрежа за чиста енергија, истакна Божиновска според која, нашиот успех не зависи само од напорите дома, туку и од меѓунродната соработка.

Директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Артур Лорковски, посочи дека за да се привлечат финансии, реформите мора да бидат кредибилни и согласно законот. Зад нив треба да застанат институциите за инвеститорите да имаат доверба.

Лорковски оцени дека во регионот се одвива евидентна енергетска транзиција. 

-Во 2024 година само интензитетот на јаглеродот се намали во просек за 11 проценти додека обновливиот капацитет се прошири за повеќе од 50 проценти. Ова се факти на кои треба да бидеме горди. Македонија, Србија, Молдавија, Црна Гора се приближуваат на патот кон поврзување на нивните пазари на електрична енергија со ЕУ дури и пред нивното членство во Унијата. Ова поврзување на пазарите е клучно за колективната регионална енергетска транзиција. Од една страна, тоа ќе ја поттикне диверзификацијата за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со електрична енергија, а од друга страна ќе ја забрза декарбонизацијата, создавајќи единствен транспарентен простор каде што чистата енергија може да се натпреварува, поддржана од ценовни сигнали што ја наградуваат ефикасноста и инвестициите во обновливи извори на енергија, истакна Лорковски.

Според Петер Холица, заменик државен секретар за прашања на ЕУ и меѓународни односи во Министерството за енергетика на Унгарија, физичкото поврзување на мрежите, како и хармонизирањето на пазарните правила и стандарди се само некои од битните начини за енергетска интеграција на регионот.

Тој укажа и на значењето на нуклераната технологија и природниот гас кои, рече, се многу важни за успешна енергетска транзиција. 

По оваа, следува уште една пленарна сесија, а во попладневниот дел од форумот се предвидени неколку панели на кои тема ќе биде и енергетската поврзаност, отпорност и безбедност.

Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14) е насловен „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“, а го отворија премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, Татијана Молчан, извршна секретарка на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (UNECE) и Армен Григоријан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). 

Во рамки на форумот се очекува да биде потпишана „Скопје декларација“ – документ што ќе остане како значаен траен запис за заложбите на земјите учеснички кон одржлива, безбедна и инклузивна енергетска иднина.