Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Од понеделник почнува „Технома 2025“ со фокус на одржливите решенија и технолошките иновации

Под мотото „Вклучи одржливи навики“ од понеделник до четврток во спортската сала…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Вклучи одржливи навики“ од понеделник до четврток во спортската сала „Борис Трајковски“ ќе се одржува Меѓународниот саем за енергетика и технологија „Енерго – Технома 2025“. Годинава, саемот ќе обедини повеќе од 40 реномирани изложувачи од државава и регионот, а главниот фокус ќе биде ставен на одржливите решенија, технолошките иновации и придобивките. 

Саемската манифестација ќе се одвива на површина од 2.500 метри квадратни, а изложувачите ќе презентираат производи и технологии од различни индустриски сектори, вклучувајќи енергетски постројки и опрема, системи за греење и ладење, соларна енергија, хибридни технологии, трансформаторски и климатизациски решенија, како и иновации од областа на роботиката и интелигентните системи.

Во текот на четирите дена ќе бидат организирани и над 20 стручни презентации и практични демонстрации, а дел од саемот се и младите иноватори од техничките факултети, кои ќе се претстават со нивните иновативни решенија. 

Реклама

Според организаторите, саемот претставува одлична можност за промоција на најновите енергетски ефикасни производи и за остварување контакти и добивање директен фидбек од посетителите.

– Годинава „Енерго-Технома 2025“ ќе го надмине форматот на класичен саем, на едно место ќе се соединат иновациите, науката, индустријата и јавноста. Саемот ќе понуди многу повеќе од изложбени штандови, ќе понуди идеи, партнерства и инспирација за иднината. Посебно сме горди што годинава ставаме акцент на одржливите решенија и вклучувањето на младите иноватори во целата манифестација, изјави Даниела Глигоровска, извршен директор на „Скопски саем“, на денешната средба со новинарите.

Една од темите за кои ќе се разговара е и циркуларната економија. Ќе има пет панели на кои ќе бидат прикажани македонскиот позитивни примери и позитивни примери од регионот, а ќе се разговара и за пристапот до финансии. 

– Воведувањето на циркуларноста не е процес којшто започнува од некоја далечна иднина. Може да започнеме од самата фаза на креирање на производот и да ги одбереме токму оние ресурси кои имаат можност да се рециклираат. Така што секој чинител во економијата треба да започне тука, сега и веднаш – да види каков тип на ресурси користи и дали може да ги замени за друг тип на ресурси кои што се циркуларни, вели Александар Стамболиев од EIT Community Hub – Бизнис акселератор УКИМ.

Добар дел од големите компании, како што посочи, веќе применуваат сериозна циркуларност во нивното работење. Покровител на саемот е Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Најавено е присуство на министерката за енергетика Сања Божиновска на официјалното отворање на саемот во понеделник во 18 часот. 

Само во понеделник саемот ќе биде отворен од 13 часот, а останатите денови од 10 до 18 часот.. Последниот ден ќе биде отворен до 17 часот. Саемот се одржува втора година по ред откако имаше пауза за време на Ковид кризата, а претходно се одржуваше на просторот на поранешниот Скопски саем.