Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во раст од 17,5% во делот на советнички места, додека пак СДС опаѓа за 42%, граѓаните направија вистински избор

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со освоените 550 советнички места низ целата држава и градот Скопје, како и освоени над 300 илјади гласови, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека ја има довербата од народот. Исто така важно е да се напомене дека ВМРО-ДПМНЕ има раст од 82 советнички места, или во проценти 17,5%, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од другата страна, опозицијата предводена од СДСМ, освои околу 230 советника, што е за 166 советници помалку од минатите избори или пак во проценти, за 42% помалку места во советите. СДСМ има и енормно намалување и на гласовите, со тоа што освои околу 126.000 гласови, што е за 111.000 гласови помалку од локалните избори 2021 година.

Големиот број на реализирани проекти, градинки, училишта, здравствени домови, пазари, изградба на атмосферска, фекална и канализациона мрежа, голем број на субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, финансиска поддршка за социјално ранливите категории, како и други мерки кои ги имаа преземено локалните самоуправи предводени од ВМРО-ДПМНЕ, се покажаа како одлични за граѓаните, кои повторно во голем број го дадоа својот глас за бројот 9.

Реклама

Ова е одличен стимул за ВМРО-ДПМНЕ, дека сме на прав пат и дека треба да продолжиме онаму каде што сме застанале, со работа за нашите граѓани.

Затоа е многу важно, на 2 ноември, повторно граѓаните да излезат масовно и да го заокружат бројот 9, и да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.