Реклама

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Прилози

Финале во Центар: Герасимовски и Лабудовиќ во трка за симболот на урбаната општинска политика

Битката за Центар влегува во завршна фаза – двајца кандидати се борат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битката за Центар влегува во завршна фаза – двајца кандидати се борат за една од најурабните општини во Македонија. Центар, со години наназад важи за политички симбол – место каде што секој избор носи пошироко значење од локалното. И токму затоа вниманието е големо – и битката е повеќе од лична. Се судираат две различни визии, два различни пристапи – и двајца кандидати со јасна амбиција да го водат Центар.

Горан Герасимовски, актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ – кој почетокот на вториот дел од изборната камапња го искористи да испрати порака дека има одлична програма, којашто била  пишувана заедно со граѓаните, за разлика од некои против кандидати кои ги имале копирано проектите од програмата. Герасимовски вели дека периодов интензивно работи на чистење на општината и ги повика граѓаните да излезат на гласање во вториот круг, да му дадат доверба за втор мандат.

Од другата страна, Мирослав Лабудовиќ од движењето ЗНАМ, го интензивира настапот нудејќи мерки, насочени кон младите и дигиталната писменост. Нуди помош од општината доколку стане прв човек на Центар, за учениците да можат да ги купат лаптоп или таблет. Со оваа мерка, Центар може да стане пример како локалната власт директно ја поддржува иднината“, рече тој.

Реклама

И Лабудовиќ ги охрабрува граѓаните да гласаат на вториот кург и да изберат промена. Инаку во првиот круг од изборите во општина Центар, излезноста изнесуваше 50,66% – односно 22.347 гласачи од вкупно 44.109 запишани. Најмногу гласови освои Герасимовски – 8.535 гласа (38,19%), втор е Лабудовиќ со 5.707 гласа (25,54%). Третопласирана е независната кандидатка Биљана Ивановска, со 4.465 гласа (19,98%), а зад неа е Марја Среброва од Левица со 2.121 глас (9,49%). Тоа значи дека околу 30% од гласачите во првиот круг избрале опција различна од финалистите – и токму тие ќе бидат клучот во вториот круг.

Вториот круг ќе одлучи – дали Центар ќе продолжи со Герасимовски или ќе му даде шанса на Лабудовиќ.

Наспроти досегашниот политички континуитет, се појавува опција што ветува нова перспектива, а конечниот збор го имаат граѓаните.