Реклама
Македонија

Управата за извршување санкции бара осудениците, наместо да ги трупаат затворите, да носат пробациски алки

Судиите да носат што повеќе алтернативни мерки, а осудениците, наместо да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судиите да носат што повеќе алтернативни мерки, а осудениците, наместо да ги трупаат затворите, да носат алки, согласно препораките на Советот на Европа. Надлежните за употребата на електронски алки на осуденици — Управата за извршување санкции и судиите за извршување на санкции — одржаа работен состанок со цел да се зголеми употребата на пробацијата во Македонија.

Досега се употребени околу 900 пробациски алки, но сè уште во затворите има луѓе на кои местото не им е таму и треба да ја издржуваат казната со употреба на електронската алка, подвлече директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, оцени дека се потребни вакви работни средби со судиите за да се охрабрат и да носат што повеќе алтернативни мерки.