Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2 отсто,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупните депозити, на годишно ниво, во септември бележат раст од 13,2 отсто, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“. Вкупните кредити, пак, имаат раст од 13,5проценти, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка.

Според Народната банка, кредитната активност продолжува со позитивен тренд. Вкупните кредити се зголемени за 0,9 проценти месечно и 13,5 отсто годишно. Најголем придонес има корпоративниот сектор, но раст е забележан и кај домаќинствата.

Корпоративните депозити се намалени месечно, поради пад на краткорочните депозити и депозитните пари, додека долгорочните депозити во денари се зголемени. Годишно, корпоративните депозити се зголемени.

Реклама

-Во септември 2025 година, вкупните депозити на корпоративниот сектор остварија месечен пад од 2 проценти, под влијание на намалените краткорочни депозити и депозитните пари, во услови на зголемување на долгорочните депозити во денари. На годишна основа е забележан раст од 12,8 отсто, во најголем дел како резултат на зголемените депозитни пари и краткорочните депозити, се наведува во соопштението на Народна банка.  

Кај домаќинствата, депозитите се зголемени за 1,2 проценти месечно, а годишно за 13,6 отсто, со најголем придонес од депозитните пари и долгорочните депозити во денари.

Кредитите на домаќинствата бележат месечен раст од 1 процент и годишен од 10,8 отсто, со поизразен раст кај кредитите во денари.

Во септември 2025 година, анализирано според намената на кредитите одобрени на физичките лица, потрошувачките и станбените кредити, како најзастапени категории, на месечна основа се зголемени за 0,9% и 1,6%, соодветно, при годишен раст од 10,2% и 16,1%, соодветно. Автомобилските кредити растат месечно за 1,3 процент, но годишно се намалени за 0,6 отсто. Кредитите одобрени преку кредитни картички се намалени за 0,3 проценти месечно и 6,7 отсто годишно.

Паричната маса бележи благо намалување од 0,1 проценти на месечно ниво. Намалувањето е резултат на падот на готовите пари во оптек и краткорочните депозити, и покрај растот на долгорочните депозити и депозитните пари.

На годишно ниво, паричната маса е зголемена за 13,5 отсто, главно поради растот на депозитните пари и краткорочните депозити, додека пак вкупните депозити во септември се зголемени за 0,3 проценти месечно, поттикнати од растот кај домаќинствата, додека корпоративниот сектор бележи пад.