Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Економија

РКЕ: Дизелот се намалува за еден денар, цените на бензините остануваат исти

Од ноќеска на полноќ за по еден денар од литар се намалуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од ноќеска на полноќ за по еден денар од литар се намалуваат цените на дизел горивото и маслото за горење, и нивните максимални малопродажни цени ќе изнесуваат 67 денари за еден литар Еуродизел и 66,5 денари за литар Масло за горење. Цените на бензините не се менуваат и остануваат на 74 денари за литар Еуросупер 95 и 75 денари за литар Еуросупер 98. 

Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,614 денари од колограм и тој ќе чини 36,047 денари за килограм.  

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ), денеска информира дека донела одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93 отсто во однос на одлуката од 13.10.2025 година.

Реклама

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,270%, кај дизелот за 3,247%, кај екстра лесното масло за 3,963% и кај мазутот намалувањето е за 3,144%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,5468%, се вели соопштението од РКЕ.

Од 21.10.2025 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин       ЕУРОСУПЕР БС – 95                 73,00 (денари/литар)

Моторен бензин        ЕУРОСУПЕР БС – 98                75,00 (денари/литар)

Дизел гориво            ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)           67,00 (денари/литар)

Масло за горење      Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)              66,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС                                                              36,047 (денари/килограм)

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот вечерва на полноќ, а трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.