Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Свесни сте за огромниот пад на поддршката за вашата Влада

Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако ова не е посакуваниот резултат за СДСМ, но бележиме стабилизација и раст во повеќе општини. Вкупниот број гласови покажува дека СДСМ ја намлува разликата во однос на ВМРО-ДПМНЕ, а ја заголемува во однос на ЗНАМ и држи стабилна предност пред Левица. Ова јасно укажува дека вкупниот амбиент се менува, се вели во соопштението на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ попусто се обидува да прикаже огромен триумф, кога реалноста е дека бројките покажуваат голем пад во довербата во владините партнери. И покрај сите притисоци, уцени, поткуп и злоупотреба на сите полуги на власта, ВМРО-ДПМНЕ изгуби речиси 140.000 гласа од минатогодишните избори. Со ова, ВМРО-ДПМНЕ падна дури и под резултатот од 2021 година. Заедно со ЗНАМ, владејачките партии изгубија над 155.000 гласови. 

СДСМ ќе продолжи да работи на консолидација на партијата и победа во повеќе општини во вториот круг. Имаме солидни резултати во повеќе општини, но и места каде што во иднина мора да се работи за зголемување на поддршката. Со оглед на фактот што на овие избори имаше низа независни кандидати и листи кои, пред сè, одземаа гласови од опозицијата. 

Реклама

Во вториот круг СДСМ го зголемува својот коалиционен капацитет, коалицијата на СДСМ со граѓаните и со другите партии од опозицијата допрва ќе расте. На ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме, наместо да се бават со СДСМ и бараат оставки, да се соочат со фактот дека нивните политики во изминатата година се катастрофални а падот на гласови се должи токму на тоа.

СДСМ продолжува веќе од утре со кампањата. Ги повикуваме сите наши членови и граѓаните кои гласаа за други кандидати што не влегоа во вториот круг, масовно да ја дадат поддршката за нашите кандидати.