Пчеларското здружение „Матица“ од Кочани в сабота и недела, на 24 и 25 октомври го организира 29-тото издание на традиционалната манифестација „Денови на медот“, што ќе се одржи во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.
На манифестацијата се очекува учество на голем број производители на мед и други пчеларски производи, кои ќе ги изложат и презентираат своите производи на штандовите поставени во паркот.
Настанот традиционално привлекува голем број посетители од Кочани и регионот, кои имаат можност да се запознаат со понудата на домашните производители и да набават различни видови мед и пчеларски производи.
Свеченото отворање на 29-тото издание на Денови на медот е закажано за во 11:00 часот.

